Уште од создавањето човекот отсекогаш се стремел кон убавото. Изработувал разни предмети за користење, ги разубавувал а и самиот тој се украсувал. Тоа е резултат на визуелната, естетската и апстракната интелигенција.
Уште од создавањето човекот отсекогаш се стремел кон убавото. Изработувал разни предмети за користење, ги разубавувал а и самиот тој се украсувал. Тоа е резултат на визуелната, естетската и апстракната интелигенција.
Можеме да препознаеме уметнички дела на одредени народи. Така јапонската се разликува од африканската, индијанската од европската уметност.
За нашата уметност многумина ќе кажат дека немаме ренесанса. Но, кај нас на овие простори во тоа време имало голем цут на византиската уметност. Таа се наоѓа во црквите. Нашите уметници живееле еден духовен живот во пост и молитва. Во тој период западните уметници трагале по совршена форма, пропорции, контрасти на светло и темно. А нашите уметници ги елеминирале сите правила и се стремеле да постигнат една молитвена атмосфера каде што човекот се растоварувал од се што е земно и се спојувал со Бога.
Во уметноста се отсликани сите револуции и движења. Според мене тоа е најјакото изразно средство на уметникот. Во него може да се види неговата мажественос и интелект. Секое ликовно дело носи посебна ликовна порака, ни пренесува нови сознанија и чувства и со тоа не збогатува. Тоа не носи во еден друг свет, свет поубав и повесел, да не тргне од секојдневјето и да не растовари. Да не опушти со самото постоење.
Да уживаме во нив.