Wednesday, November 15, 2017

ГОДИШНИНА



          Седам покрај прозорецот и го пијам своето утринско кафе. Гледам како листовите паѓаат и ме тераат да размислувам. Уживав во есента. Отсекогаш сум ја сакала поради сивата и тивка атмосфера, што ја создава. Едноставно те тера, да се смириш и да размислиш за себе, за околината и за се она што се случува во светот. Влезе во собата, се насмевна и ме бакна во чело.
-Како си?-ме праша нежно и внимателно. Го испитуваше мојот импулс, тоа ти беше најважно. Дали сум среќна и спокојна. Погледот ми се сврте кон дланките кој што ја држеа топлата шоља, а на нив се наоѓаа исушените бои од синоќешното сликање. За годишнината сакаше да ме насликаш како седам во кадифената зелена фотеља. Таа беше нашата популарна фотеља. Додека ти позирав си зборувавме за миговите поминати заедно.
-Се сеќаваш ли кога студиравме во Риека? – му реков. Послем часовите се шетавме во Tower Centar. Откако ќе ги разгледавме сите луксузни продавници седнувавме на топло кафе. Ти во тие есенски денови го носеше твоето пепито палто, кој непрестајно го реферираше од Шкотска исто како Александар Меквин. А јас ја носев мојата омилена цветна долчевита.
-Се сеќаваш ли? – повторно прашав. Ме погледна мило.
-Мојата возљубена е само моја, јас и припаѓам на мојата возљубена – ми рече. 
            Слеговме во ореовата градина. Времето беше топло. Сонцето ги пробиваше своите зраци помеѓу гранките и ги милуваше нашите лица. Седнувајќи на кадифената фотеља, почнав да позирам. Се опуштив, но моето срце е будно. Понекогаш ќе ми шепнеше со топол глас - убава си мила моја, или пак - послатка е љубовта твоја од вино. Седевме така спокојни додека денот не измине.
            Отворивме блог каде што го претставувавме нашиот едноставен но, интересен живот. Двајца автори кои работат на едно дело и ликовната симбиоза која не спојува како пар. Блогот стануваше се повеќе читан и растеше популарноста. Пред два дена добивме покана за интервју во познатото италијанско списание за уметност Arte. Ни рекоа дека имаме одлична приказна за насловна. Крилата ни се отвараа широко, животот ни стануваше стабилен.
            Добрата слика се гради промислено. Има нешто провокативно во комбинациите на боите, предимензионираниот портрет и класичната црна линија која дава посебен изглед. Портретот треба да има карактер, да интригира и дури тогаш вистинскиот лик добива личен печат. Ме наслика со природен изглед на кожата која блеска од свежина, со волнен џемпер и кашмир сукња, акцент ставен на вереничкиот прстен што ми го купи од Лондон од познатата колекција на B.Zero 1 by Zara Hadid. Ореовата градина успешно успеа да ја доловиш со играта на светлоста од сонцето и да ја вметнеш нашата симболика на дрвото и планините. Неочекувано, но сепак со стил.
            Длабоко во себе си размислував дека полека куќата ни станува студио за перформанс. Луѓето ни кажуваат дека доаѓаат со очекувања. Делата што им ги покажуваме најчесто одговараат со сликата што сме ја изградиле за себе. Слики полни со љубов и поезија, прочистени и минимални како јапонската уметност.
            Два дена подоцна заѕвони телефонот. Тоа беше новинарката од списанието Arte. Многу не израдува, веднаш почнавме да се подготвуваме за нејзиното доаѓање. 
-Која е вашата инспирацијата во сликањето и креирањето на сликата? – не праша. Возбудени одговоривме дека уште од детството сме сакале да цртаме, тоа било нашата главна пасија. Самотници кои граделе свој свет на парче хартија. А интересно е што и двајцата на таа возраст сме биле тивки, кротки и занесени во своите светови. Уште на самиот почеток на дружењето почнавме да сликаме заедно, исконските дрва и пејзажите ги споивме во едно. Тоа е убаво искуство.
            Имаме желба да понудиме креативна уметност достапна за сите, со врвни материјали кој ја обогатуваат сликата, ставени во фигуративна апстракција и модерна изведба. За оние на кои им требаше уште малку уверување, за подлабока и потсвесна причина, рековме дека пробуваме да креираме нешто ново.
            Да трансформираме со иновации, а за нас трансформирањето нема граници, но она што мора да се задржи е здравиот разум, оправданиот вкус и авторскиот отпечаток. Балансот го одржуваме со искуството и проучувањето на уметноста. Иако постојано зборувавме за вложување во фигуративното сликарство сепак многу подобра инвестиција се делата со доза на неочекување.
            Сето тоа ги заинтересирало од списанието Arte да дојдат во студиото на двајцата уметници.
            За годишнината донесе шампањ и две кристални чаши. Ме бакна во вратот. Ми проструи мисла дека сликањето не направи по отворени, толерантни, и дека тоа е  нашиот начин на самопознавање, помагање и живеење заедно.
            Го оставивме егото и почнавме да го чувствуваме времето во кое што живееме. Да не уживаме во вредностите што научивме и што постигнавме, туку во тоа што станавме подобри луѓе.