Sunday, August 7, 2022

ЖИВОТ ВО УМЕТНИЧКИ КОНДУРИ



Атмосферата и луѓето се тие кои го прават градот да се чувствувате како 

дома. Го сакаме Њујорк. Појадуваме надвор, jадеме во кафулиња кои се во близина на 

нашиот стан во центарот на Менхетен. Таму го открив кортадо кафето, еспресо со 

многу млеко. Додека ни го послужуваа доручекот ти ги читаше дневните 

весници. Во Вашингтон Пост пишуваше - Трамп сé уште ја посочува Северна 

Кореја како еден од неговите најголеми триумфи. „Немаше војна“, рече 

претседателот. Но, тој му призна на Вудворд дека Ким не се откажал од неговите 

нуклеарни оружја, користејќи метафора за недвижнини за да објасни зошто. 

„Навистина е како некој што ја сака својата куќа и едноставно не може да ја 

продаде“, рече тој. 

Ми требаше инспирација. Во градот дојде поставка од двајца големи 

уметници Picasso и Matisse. Отсекогаш сум сакала да ги видам овие двајца ривали 

како твореле. Првото нешто што почнав да го правам е да се шминкам. Сјајот ме 

потсеќа на летото, потребно ми е само малку бледо розево руменило и 

осветлување од бронзер, што сонцето природно ќе го погоди. Ќе одговара на 

целата атмосфера. Ова ми е омиленoто време за да го изразам безгрижното лето. 

Влегов во Moma музејот. Поставката од двајцата сликари и пријатели го 

заземаа поголемиот дел од музејот. Беа одбрани нивните најдобри дела. 

Обостраното влијание беше видливо, се угледале еден на друг и ги поместиле 

границите на уметноста. Имав впечаток дека тоа е сведоштво за нивното најважно 

друштвено ангажирање коe имало битно влијание во современата култура и 

уметност. Бев воодушевена од нивната големина на творење, силата да се 

експериментира без страв и помисла за неуспех. Излегов понесена.

Се отвори вратата од нашиот дом. За многумина од нас формалната дневна 

соба е нешто од минатото. Денешните простории се мулти - функционални места 

за одмор, вечера, забава, па дури и работа. Поради овие причини, нашата модерна 

дневна соба ја направивме да изгледа пријатно, нешто слично како да влегувате во 

гнездо. Мека ткаенина на тренерки со луксузен раб од слатката палета на Victoria's 

Secret, миризливи свеќи и комфорни папучи кои само ја надополнуваа 

опуштената атмосфера. По долгото шетање и впечатоците моето тело бараше 

освежување. Црвен портокал, парчиња цвекло во јогурт и лешници одозгора 

совршено ја надополнуваа дневната доза на витамини. Со текот на времето 

станавме добри домаќини, поставувајќи маса со изненадувачка мешавина од 

сезонски зеленчуци и добро печено парче месо.

Во собата влезе ти. Седнавме еден крај друг, разговараме за поминатиот ден 

и импресиите од изложбата. - Тешко е да се зборува за галеристите и она што им го препорачуваат на 

своите клиенти. Секогаш има нови уметници, нови медиуми, нови идеи кои незавршуваат и постојано се менуваат. A она што ние го работиме бара отворен ум, 

постојано истражување, набљудување, посета на галерии и студија.

Ти уште зборуваше дека освен што си бил воден од интуицијата, си барал 

уметност која има естетска вредност и чиј концепт треба да биде 

издржан до крај. Историските и културните референци ти биле важни и обично 

ти помагале да разбереш одредена доза на уметничка работа.

Современата уметност е уметност на нашето време и уметност која не 

отсликува кои сме како единки и како општество. Со интернетот го поврзуваме 

окото и умот, ги отвораме вратите и прозорците на места далечни како Кјото или 

Скопје – ми зборуваше едноставно. Исто така си следел уметници кои биле дел од 

уметнички групи. Сѐ што може да произлезе кога се дружат заедно, творат и 

прават размена на идеи. Како тоа ќе има влијание за 50 години или повеќе, кога 

историчарите на уметност ќе се осврнат како некој влијае врз работата на друг. Те 

слушав и те гледав милно додека ми зборуваше.

А каде сме ние? Кога двајца сопружници работат заедно усвојувајќи го 

слоганот Адам и Ева се препознаa, чувството е посебно. Пронаоѓајќи се во својата 

професија, која ти станува начин на живееење и голема љубов, тогаш немаш 

предрасуди да работиш дури ни со својот сопружник. Исклучена е можноста за 

его и суета, се држите до вистинското чувство и обострано ви доаѓа иста идеја. 

Исклучувајќи се од реалноста се внесувате во моментот и одеднаш сте како двајца 

разиграни пред платно. Тоа е вистинско чувство да се опише моментот на двајца 

автори. Поврзувањето и ефективното комуницирање е клучот на успешната 

заедничка работа. 

Така взаемно го развиваме нашиот префинет животен стил.

Friday, August 5, 2022

ADAM AND EVE RECOGNIZED EACH OTHER


What is like when two spouses work together as artists? You become one person, you merge, you think the same, your tastes and styles come together. We do it from the very beginning and paint like one hand. We do not dominate, we agree and respect each other in our work and together we improve our art. So with our painting and through our works spread the mission that two spouses can function together without ego and prejudice and become good people for themselves and the community. If we all work together we will be able to achieve so much more than we can as individuals.

Thursday, August 4, 2022

КРАТОК ОСВРТ ЗА ДЕЛАТА ОД ЦИКЛУСОТ - ЧАЈНИЦИ

 


Сопружниците Емилија и Стојче 

Тоциновски се академски ликовни уметници, кои припаѓаат на 

младата генерација сликари во современото македонско сликарство. 

Со оваа изложба – циклусот Чајници, тие уште еднаш потврдуваат 

дека се ликовни творци кои освоиле засебен естетски свет и ликовен 

ракопис, со што ги предочуваат вредносните аспекти на своето 

творештво. 

Нивната мисловна ангажираност, бујната имагинација и 

сензибилитет, како и истражувачката енергија и експресија 

резултираат во автономни творби со содржина помеѓу слободата на 

тематскиот слој и ликовната престава.

Тоа е свет на сликарски ансамбли со слоевита лексика, збиен и 

сензибилен набој, хармонизирани колористички градации ритмично 

избалансирани, со напати вметнати елементи од други техники /како 

колаж и декупаж/.Оттука и основната градба на ова сликарство се 

карактеризира со асоцијативно-симболичните содржини со модерен 

ликовен израз, со интензивен и впечатлив колорит, благодарение на 

нивното извонредно чувство да воспостават експресивен спој 

помеѓу боите. 

Тоа се дела кои се работени со многу конструктивна топлина и 

љубов, дела работени лесно, чисто, со одмереност и искреност, со 

рафинирани потези на минуциозна и педантна разработка, со 

транспарентна хроматска усогласеност на колоритот. Тоа се дела со 

различна мотивска содржина на стилизирани и флуидни форми кои 

во меѓусебниот однос на предметот и просторот како и распоредот 

на ликовните елементи упатуваат на врамнотежена, цврста и 

компактна композиција.

Отука и основната порака на овие дела е искреноста, убавината, 

радоста, страста , позитивните чувства и секако племенитоста кои 

сите подеднакво кореспондираат предизвикувајќи возбуда и 

естетска страст. 

Во нивната голема љубов – уметноста, на сопствен начин ги 

пресоздаваат човекот, животот и светот. Темите и мотивите со 

нагласена поетика од симболи и со раскошот на боите ги 

овековечуваат како ода на радоста, добрината и љубовта.

Дора Андова 

Friday, May 7, 2021

ИНТЕРВЈУ

 



Марија Ристујчин и Каја Домазетовска се две креативни души кои се градат како уметници преку заеднички проекти и доаѓаат на часови во уметничкото студио Фантаст.
• Што за вас значи уметник?
Марија: Некој кој има креативна душа.
Каја: Човек кој го претставува својот свет и начинот на кој размислува визуелно.
• Како е да се расте и да се гради личноста како уметник?
Марија: Тоа е цел животен процес на трпеливост, посветеност, внимание и труд за да изградите сопствен стил.
Каја: Никогаш не знаеш што да очекуваш. Секогаш си креативен на поинаков начин.
• Колку треба да вложите во себе за да пронајдете свој стил и да се избрусите како дијамант во својата работа?
Марија: Во одреден момент од својот живот ќе сфатите дека сте пронашле сопствен стил на творештво.
Каја: Да се вложи труд да се запознаете себеси и после тоа ќе можете лесно да се опишувате.
• Кој се вашите идни проекти?
Марија и Каја: Се очекуваат многу нови проекти. Последно работиме на стрипови.
• И за крај, како ја доживувате атмосферата во уметничкото студио Фантаст?
Марија: Воглавном се чуствувам како дома многу пријатно и инспиративно.
Каја: Многу ми е удобно да ги изразам своите идеи точно такви какви што се.

3 Comments