Saturday, June 22, 2019

ГАЛОП



Лежејќи во полето
со погледи свртени кон ѕвездите,
пред нас застана азган
со рефлексен сјај во очите
кој е секогаш во галоп.

 О, коњу сакајќи да го доловиш моментот
не тераш да продреме во тебе
поминувајќи низ минатото
со горделиво кралско достоинство.

Низ твоето уметничко извајано тело
протекува топла крв на слобода.
Трчаш низ полето со брз кас во етерот
и чувство на полн живот 
кое се движи кон непознатото.

Ве сакаме кога ќе се појавите пред нас
како галоп темнина која се движи
помеѓу сенката и душата.



No comments:

Post a Comment