Атмосферата и луѓето се тие кои го прават градот да се чувствувате како
дома. Го сакаме Њујорк. Појадуваме надвор, jадеме во кафулиња кои се во близина на
нашиот стан во центарот на Менхетен. Таму го открив кортадо кафето, еспресо со
многу млеко. Додека ни го послужуваа доручекот ти ги читаше дневните
весници. Во Вашингтон Пост пишуваше - Трамп сé уште ја посочува Северна
Кореја како еден од неговите најголеми триумфи. „Немаше војна“, рече
претседателот. Но, тој му призна на Вудворд дека Ким не се откажал од неговите
нуклеарни оружја, користејќи метафора за недвижнини за да објасни зошто.
„Навистина е како некој што ја сака својата куќа и едноставно не може да ја
продаде“, рече тој.
Ми требаше инспирација. Во градот дојде поставка од двајца големи
уметници Picasso и Matisse. Отсекогаш сум сакала да ги видам овие двајца ривали
како твореле. Првото нешто што почнав да го правам е да се шминкам. Сјајот ме
потсеќа на летото, потребно ми е само малку бледо розево руменило и
осветлување од бронзер, што сонцето природно ќе го погоди. Ќе одговара на
целата атмосфера. Ова ми е омиленoто време за да го изразам безгрижното лето.
Влегов во Moma музејот. Поставката од двајцата сликари и пријатели го
заземаа поголемиот дел од музејот. Беа одбрани нивните најдобри дела.
Обостраното влијание беше видливо, се угледале еден на друг и ги поместиле
границите на уметноста. Имав впечаток дека тоа е сведоштво за нивното најважно
друштвено ангажирање коe имало битно влијание во современата култура и
уметност. Бев воодушевена од нивната големина на творење, силата да се
експериментира без страв и помисла за неуспех. Излегов понесена.
Се отвори вратата од нашиот дом. За многумина од нас формалната дневна
соба е нешто од минатото. Денешните простории се мулти - функционални места
за одмор, вечера, забава, па дури и работа. Поради овие причини, нашата модерна
дневна соба ја направивме да изгледа пријатно, нешто слично како да влегувате во
гнездо. Мека ткаенина на тренерки со луксузен раб од слатката палета на Victoria's
Secret, миризливи свеќи и комфорни папучи кои само ја надополнуваа
опуштената атмосфера. По долгото шетање и впечатоците моето тело бараше
освежување. Црвен портокал, парчиња цвекло во јогурт и лешници одозгора
совршено ја надополнуваа дневната доза на витамини. Со текот на времето
станавме добри домаќини, поставувајќи маса со изненадувачка мешавина од
сезонски зеленчуци и добро печено парче месо.
Во собата влезе ти. Седнавме еден крај друг, разговараме за поминатиот ден
и импресиите од изложбата. - Тешко е да се зборува за галеристите и она што им го препорачуваат на
своите клиенти. Секогаш има нови уметници, нови медиуми, нови идеи кои незавршуваат и постојано се менуваат. A она што ние го работиме бара отворен ум,
постојано истражување, набљудување, посета на галерии и студија.
Ти уште зборуваше дека освен што си бил воден од интуицијата, си барал
уметност која има естетска вредност и чиј концепт треба да биде
издржан до крај. Историските и културните референци ти биле важни и обично
ти помагале да разбереш одредена доза на уметничка работа.
Современата уметност е уметност на нашето време и уметност која не
отсликува кои сме како единки и како општество. Со интернетот го поврзуваме
окото и умот, ги отвораме вратите и прозорците на места далечни како Кјото или
Скопје – ми зборуваше едноставно. Исто така си следел уметници кои биле дел од
уметнички групи. Сѐ што може да произлезе кога се дружат заедно, творат и
прават размена на идеи. Како тоа ќе има влијание за 50 години или повеќе, кога
историчарите на уметност ќе се осврнат како некој влијае врз работата на друг. Те
слушав и те гледав милно додека ми зборуваше.
А каде сме ние? Кога двајца сопружници работат заедно усвојувајќи го
слоганот Адам и Ева се препознаa, чувството е посебно. Пронаоѓајќи се во својата
професија, која ти станува начин на живееење и голема љубов, тогаш немаш
предрасуди да работиш дури ни со својот сопружник. Исклучена е можноста за
его и суета, се држите до вистинското чувство и обострано ви доаѓа иста идеја.
Исклучувајќи се од реалноста се внесувате во моментот и одеднаш сте како двајца
разиграни пред платно. Тоа е вистинско чувство да се опише моментот на двајца
автори. Поврзувањето и ефективното комуницирање е клучот на успешната
заедничка работа.
Така взаемно го развиваме нашиот префинет животен стил.